Како што информира МВР, настанot се случил околу 18 часот во Спортската сала во Градски парк во Скопје, а еден од напаѓачите е приведен.
Едниот од навивачите на КК Работнички, Д.А. (18) од Скопје, при обидот да биде приведен,  пружал активен отпор и со тупаница удрил еден полициски службеник во пределот на лицето.

Против него, по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На повредениот полициски службеник му е укажана медицинска помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“ од каде бил препратен на доплнителен преглед во Клинички центар. 

Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 14:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар