Според неговите податоци од фрлениот “молотов” коктел избувнал пожар што опожарил две дрвени маси, дванаесет сточиња, од кои двешанкерски, а оштетени се и шанкот и подот како и дел од музичка опрема. Нема повредени во објектот што е во сопственост на Р.М.(40) од Тетово.

-Извршен е увид при што се  пронајдени повеќе траги и предмети  како чекан, тесла, запалка и друго  што ќе се вештачат. Се работи на расветлување на сите поединости поврзани со случајот, откривање на сторителите и на утврдување на вкупната материјална штета, рече Јосифовски. 

Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 13:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар