- Се очекува да се формира влада и важно е таа одлука да се донесе доста брзо, бидејќи земјата не може премногу да чека. Има економски и политички предизвици и секој очекува една силна Македонија. Еврокомесарот Хан утре доаѓа во Скопје и се надеваме дека ќе најде добро и практично решение кон сегашното успорување на формирањето влада, рече Тимоние.

Посочи дека секој очекува силна Македонија која ќе биде почитувана во својот територијален интегритет, суверенитет и своето единство, и во тој аспект Франција како и другите европски земји секогаш ќе биде на нејзина страна.

- Сметам дека денешните политичари ќе бидат на ниво на сите претходници низ историјата кои покажале како може да се работи заедно и со жртвување за општото добро помогнале за создавање на оваа земја, рече Тимоние.

Прашан дали тиранската платформа треба да се повлече, со оглед на тоа дека голем дел од Македонците се спротивставува на неа, Тимоние рече дека не е негово да се произнесува по тоа прашање. 


Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 13:07
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:30

коментари

остави коментар