Атрактивната Слаѓана  неочекувано јавно проговори за својата наводна афера со вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Таа вели и дека кога врската со Новак завршила таа останала негова љубовница.

-Беше тоа многу одамна, но Новак ме забележа  веднаш кога ме виде. Секако и јас не останав рамнодушна, поради тоа што секогаш ме привлекуваа спортисти, откри во интервјуто српската манекенка која сака да биде пејачка Слаѓана Дамјановиќ.

Резултат со слика за slagana i novak

Атрактивната русокоса се сретнала со Новак Ѓоковиќ пред десетина години во Атина , кога наводно и започнала нивната врска.
-Неколку пати дури и ме носеше на тениски мечеви, но  мечевите ги следев од различни ложи за да не биде ништо сомнително.Дури го запознав и неговото семејство, изјави Слаѓана за српските медиуми.

-Слаѓана излегуваше само по сплавови исклучиво со цел да пронајде добар „материјал“ за маж. Така го запознала и Ѓоковиќ, истакна еден член на бендот „2 Хот“ во кој некогаш пееле Слаѓана Дамјановиќ.

Новак Ѓоковиќ воопшто не се грижи за  овие стории од минатото и ужива во својот брак со Јелена кој започна во 2013 година, Со Јелена пред бракот според медиумите популарниот Ноле бил во врска која траела дури 10 години. 

Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 12:30
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:47

коментари

остави коментар