Се работи за еден од десетте најголеми и престжини фестивали за гитара во светот, на кој Багески ќе има уште еден концерт - на 24 март кога на истата локација ќе настапи со пет гитаристи од републики на поранешна Југославија.

Тие се избрани во проектот „Гитарски интеграции“, а познатиот гитарски композитор Карло Доменикони спeцијално за нивниот настап напиша дело за шест гитари, кое светската премиера ќе ја има на фестивалот во Белград.

На задутрешниот солистички концерт Багески во првиот дел ќе свири дела од Мерц, Бариос, Џулијани, во вториот дел ќе се претстави со композиции од Реис, а концертот ќе го заврши со традиционална македонска песна во негова транскрипција.
Во најавата за неговиот концерт белградскиот фестивал наведува дека Багески е истакнат македонски солист по класична гитара кој настапува низ светот веќе 20 години.
- Музичката критика, како и публиката, ја оценуваат интерпретацијата на овој гитарист како особено впечатлива од причини што тој со својата вдахновеност и емоционалното доживување и претставување на делата, успева да допре до секој слушател. Токму од овие причини Дарко Багески во своите концертни програми избира композиции, кои и кога само ги пее, во него будат колоритни емоции, возбуда, задоволство и уживање, пишува во најавата за првиот концерт на Багески пред белградската публика.
Дарко Багески (1981) е вонреден професор по гитара на Факултетот за музичка уметност во Скопје, одржува мастеркласи на меѓународни фестивали и натпревари и често е член во жиријата.
Музичкото образование го почнал во Скопје, матурирал во Средно музичко училиште во Загреб, а дипломирал на Високата школа за музика „Франц Лист“ во Вајмар, Германија. Магистрирал на Државниот конзерваториум за музика во Солун. Се едуцирал кај еминентни професори по класична гитара, како: Џевдет Сахатџија, Герхард Рајхенбах, Јурген Рост, Костас Коциолис...
Имал голем број солистички концерти во Македонија, Хрватска, Србија, Германија, Грција, САД, Шведска..., настапувајќи како солист со камерни оркестри и со Македонската филхармонија. 

Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 10:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар