Во текот на маршот на околу илјада луѓе кој беше  организиран на повик на антирасистичките здруженија, организации на борците за човекови права и синдикатите, избија судири помеѓу демонстрантите со фантомки и силите на редот, јавија француските медиуми.

Два полицајци се полесно повредени и префрлени во болница откако биле погодени со проектили, соопшти полицијата.

Силите на редот, на молотовите коктели кои биле фрлани од демонстрантите возвратиле со солзавец.

Во текот на протестите биле искршени излозите на некои продавници.



коментари

остави коментар