- Доколку смртната казна повторно биде воведена во Турција тоа би бил крајот на преговорите бидејќи со тоа би била премината „црвената линија“, рече Јункер, пренесе германскиот весник Билд.

Турскиот претседател Реџеп Таип ердоган вчера изрази очекување дека парламентот ќе го одобри враќањето на најстрогата казна по одржувањето на референдумот наредниот месец за Уставните промени со кои неговите овластувања ќе бидат проширени.

Турција ја укина смртната казна во 2004 година и ЕУ во повеќе наврати изрази јасен став дека каков било обид за нејзино обновување ќе биде крај за кандидатурата на Турција.


коментари

остави коментар