„Подготвени сме да ја штитиме границата на земјата на начин предвиден во нашето законодавство“, изјави за Афп министерот за одбрана Стефан Јанев од Малко Тарново – град на југоисточната граница со Турција.

Јанев притоа додава  дека границата засега е мирна и оти нелегалното преминување се намалило во изминатите два месеци. Коментарите доаѓаат откако Турција се закани дека ќе испрати 15 илјади бегалци во Европската унија во ескалацијата на дипломатскиот спор со блокот.

Датум на објава: недела, 19 март 2017 во 15:36
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:38

коментари

остави коментар