Северна кореја тестираше нов ракетен мотор, соопштија државните медиуми, а лидерот Ким Јонг Ун изјави дека пробата претставува „ново раѓање“ на ракетната индустија на земјата.

Објавувањето на 19 март доаѓа откако државниот секретар на САД Рекс Тилерсон имаше средби со официјални претставници во Пекинг. Пред тестот, тој предупреди дека регионалните тензии се на опасно ниво. Државната агенција КЦНА соопшти дека севернокорејскиот лидер Ким го надгледувал тестот на ракетниот мотор, со чија помош земјата ќе достигне капацитет за лансирање сателит. Експерти велат оти коментарите укажуваат дека тестот најверојатно е нов тип на мотори за проектили со голем дострел.

На турнејата во источна Азија на државниот секретар Тилерсон, во која беа вклучени и посети на Јапонија и Јужна Кореја, доминираше загриженоста во врска со Северна Кореја и заканите од нејзините програми за нуклеарни и балистички ракети. Ден претходно, Тилерсон рече дека воена акција е „опција на маса“ од заканата од Пјонгјанг.

Во меѓувреме, претседателот на САД Доналд Трамп на твитер напиша дека Северна Кореја се однесува многу лошо.

„Светот наскоро ќе ја сфати важноста на историската победа која денес ја остваривме“, порачал севернокорејскиот диктатор, Ким Јонг Ун, што значи дека Пјонгјанг наскоро би можел да располага со нова ракета која ќе му овозможи поставување сателити во орбитата.

Датум на објава: недела, 19 март 2017 во 15:34
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 18:58

коментари

остави коментар