34 годишната Карла на 28 октомври закажала абортус, но не отишла. Решила да го задржи бебето. Сепак, жената која и претходно страдала од депресија, не издржала. Девет дена подоцна тивко се качила во собата на горниот кат и се обесила. Ја пронашол сопругот Метју кој се обидел да ја оживее но безуспешно. Лекарите констатирале смрт.

Тој ден во семејството имало роденден. Метју вели дека Карла почнала да подготвува храна за роденденот, а тој со две од нивните седум деца излегол да купат торта. Карла и Метју биле родители на 7 деца на возраст од 14 месеци до 15 години. Кога се вратиле таа се качила во својата соба и побарала да не ја воознемируваат.

По обдукцијата било откриено дека Карла во крвта имала алкохол, канабис и антидепресиви, што како комбинација  може да предизвика сериозна депресија.

Судијата случајот го нарече трагедија.

- Се надевам дека сите ќе ја паметите Карла каква што беше, а не како што замина - рече тој - пренесе Дејли меил.



 

Датум на објава: недела, 19 март 2017 во 13:58
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:59

коментари

остави коментар