Во првата порака, Трамп пишува: Наспроти она што го слушате во лажните вести имав прекрасна средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

Но, и покрај тоа, Германија должи огромни суми на пари - НАТО и САД мора да бидат подобро платени за моќната и скапа одбрана што и ја обезбедуваат на Германија - додава во втората порака.

Ова Трамп го напиша од својата луксузна вила во Флорида ден по средбата со Меркел на која германската канцеларка го убедуваше дека нејзината земја ќе издвои до 2% од БДП за одбраната.

Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер во интервју за Билд предупреди дека трговската војна меѓу САД и Европа би бил штетен з адвете страни.

На прашањето дали Европа може да издржи трговска војна со САД тој изјави дека тоа не би било во интерес ниту на САД ниту на Европа.

-Тој нагласи дека е потребно сериозно да се сфатат протекционистичките комантари на Трамп и дека „ништо не е исклучено“.

Американскиот министер за финансии рече дека САД нема желба да влегува во трговска војна, но некои економски односи треба одново да се анализираат и да се направат поправедни.

Јункер истакна дека е задоволен што во вторник ќе се сретне со јапонскиот премиер Шинзо Абе бидејќи „подоцна годинава сака да се склучи договорот за слободна трговиија меѓу Европската унија и Јапонија“.

Трамп ја обвини Јапонија дека го искористува слабиот јен за на својот извоз да му даде неправедна трговска предност. Главниот трговски советник на Трамп, Питер Наваро во слична изјава ја обвини Германија дека го користи „претерано потценетото“ евро како конкурентска предност.

Датум на објава: недела, 19 март 2017 во 13:01
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:36

коментари

остави коментар