Безбедноста околу Белата куќа веднаш била подигната а возилото пребарано. Нема информација дали навистина е најдена бомба.

Инцидентот се случил еден час пред полноќ на влезот од Белата куќа, околните улици биле затворени по што дошле експерти за демонтирање на бомби. Четири часа подоцна тие заминале а улиците биле деблокирани.

Тајната служба единствено потврди дека истрагата околу инцидентот сеуште трае.

За време на инцидентот Доналд Трамп бил на својот имот во Флорида каде ги поминува речиси сите викенди.

Слични вакви инциденти зачестија околу Белата куќа.

Минатата недела човек успеал да ја прескокне оградата и се наоѓал во кругот на Белата куќа 15 минути пре дда биде забележан, за што безбедносните служби беа критикувани.

Вчера утрото имало уште еден обид за упад во Белата куќа - човек кој носел некаков документ со себе сакал да влезе во Белата куќа. Не носел оружје. И тој е уапсен.

Датум на објава: недела, 19 март 2017 во 11:27
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:26

коментари

остави коментар