- Додека не може да се каже дека постои индивидуа која го измислила рок - ен- ролот, Чак Бери е најблизу до тоа - тој е поединец кој ги поврза сите есенцијални делови на овој вид музика во една целина - стои во најавата за Чак Бери во Rock and Roll Hall of Fame од 1986 година.

Тој ја пишуваше, ја свиреше и пееше својата музика.Неговите песни и стандардите за изведување на музиката на сцена извршија директно влијание на Битлси, Ролинг Стоунс, подоцна на Брус Спрингстин и Боб Сегер.

Тој е толку важен и природен дел од американската рок традиција што неговата песна “Johnny B. Goode” беше на дискот кој во 1997 беше пратен во Вселената со Војаџер 1..




- Ако треба на рок -ен -ролот да му дадете друго име, може да го наречете Чак Бери - гласи многу пати цитираната изјава на Џон Ленон.

Чак Бери е во редот на славните имиња како Елвис Присли, Бади Холи, Џејмс Браун, Џери Ли Луис, Литл Ричард, Реј Чарлс... Од оние што преживеаја до новот милениум, тој  веше единствениот  што одржуваше концерти на 80 години по целиот свет!

- Во раниот рок - ен - рол имаше многу изведувачи со по еден хит, но Чак Бери имаше толку многу хитови што стана еден од најпознатите. Кога во 1964 година Битлси и Ролинг Стоунси почнаа да ги свират песните на Чак Бери, неговата музика стана традиција - изјави рок историчарот Албин Зак.

И покрај огромната харизма, Чак Бери не го доживеа во тоа време комерцијалниот успех на Елвис Присли во Холивуд и Лас Вегас, а фактор кој во ова играл голема улога била расата.

Чак Бери беше крал на рок - ен - ролот. Во 1984 доби Греми награда за животно дело. Во 2002 за „Л.А.Тајмс“ изјави:

-  Песните на Елвис секогаш ќе живеат, и се надевам дека и моите ќе живеат кога ќе ме нема. Но не можете да споредувате, бидејќи него го нема, а јас сум тука!





Датум на објава: недела, 19 март 2017 во 10:10
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 19:00

коментари

остави коментар