Купувате фотеља или пак трпезариска маса, и по три месеци се премислувате  за вашата одлука и одите во продавница и ја враќате купената роба без објаснување и тие ви ги враќаат парите.

Звучи неверојатно, но од ова лето и тоа ќе биде возможно во Србија.

„Ова значи дека купшувачите ќе имаат поголеми права“, изјавиле од Икеа која од ова лето ја отвара својата прва продавница во Србија. А со ова се очекува и другите трговци да почнат да ги користат овие правила доколку би сакале да привлечат повеќе купувачи.

Според најавите, купената роба од Икеа ќе има неверојатни 25 години гаранција.

Директорот за развој на компанијата Икеа за југоисточна Европа Владислав Лалич изјавил дека оваа компанија ќе донесе револуција во заштитата на правата на купувачите.

Заштитата на правата на купувачите ќе биде на многу високо ниво. Сите наши производи имаат гаранција од 25 години. Замислете кујна со 25 години гаранција, па нели е тоа одлично, нагласил Лилич.

Датум на објава: сабота, 18 март 2017 во 21:56
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:25

коментари

остави коментар