Само во првите 50 години Американците заработиле од Аљаска барем сто пати повеќе отколку што платиле за тоа. Многумина во Русија и ден денеска не можат да се помират со тоа, па поради тоа постојат многу митови за продажбата.

Се говорело дека Американците ја купиле Аљаска од Катерина Велика и со парите си купувала фустани.

Аљаска е продадена во 1867 година во времето на владеењето на Алексадар Втори.

Рускиот цар верувал дека доколку дојде до војна не би можел да го контролира тоа пространство. Освен оваа причина царот верувал дека на Аљаска имало само снег и мраз и ништо друго.

Mногумина исто така верувале дека со продажбата на Аљаска, Русија ќе добие сојузник како Америка и дека ќе ги зближи двете нации.

Според историчарите продажбата на Аљаска била неизбежна бидејќи Кримската војна била при крај, и биле потребни пари за обнова на војската и флотата.

Многумина веруваат дека Аљаска не е продадена туку била позајмена територија на САД но, по истекот на позајмицата тие не ја вратиле.

Се до 1959 година Аљаска не била официјално американска држава, наводно поради тоа што била економски заостаната. Според некои луѓе, Американците чекале да поминат 90 години, за кои се претпоставува дека биле дел од договорот, односно дека Аљаска била позајмена на САД на 90 години. Но сепак Хрушчов во 1957 година го потврдил правото на САД врз Аљаска.

Дури по две години Аљаска станала 49 држава на САД.

Американците на почетокот верувале дека купиле ледена кутија и дека нема ништо таму, за по 20 години да се утврдат големи наоѓалишта на злато, нафта и риба.

Датум на објава: сабота, 18 март 2017 во 20:26
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:03

коментари

остави коментар