- Ноќеска еден од нашите активисти загина лепејќи плакати, Миливоје Гајиќ. Нека му е лесна српската земја - изјави Вучиќ на предизборен митинг.

Тој не изнел повеќе детали за случајот.

Александар Вучиќ на митингот рекол дека само уште една победа го дели српскиот народ од напредна Србија.

- Не е важно кого Србија го сака или не, важно е дека Србија почна да победува. Тие се десет и сега сме отприлика изедначени - тие десет а јас еден.Потребно е само уште малку да ги победиме, ќе видиме на 2 април кого Србија го сака - рече Вучиќ - пренесе Б92.

Датум на објава: сабота, 18 март 2017 во 16:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар