– Семејствата на мачениците, хероите, не треба да се грижат. Верувам, со божја волја, дека по гласањето на 16 април, парламентот ќе направи се што е потребно кога се во прашање вашите барања поврзани за смртната казна, истакна Ердоган, додавајќи дека „без размислување“ ќе го потпише законот за враќање на смртната казна.

Западните медиуми оценуваат дека со ваквиот потег би можело да се стави крај на патот на Турција кон членство во ЕУ.

Датум на објава: сабота, 18 март 2017 во 15:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар