Марешки можеби нема да го повтори успехот на Трамп но се очекува неговата партија „Волја“ да освои повеќе од 5% од гласовите и важно место во формирањето на владата.
 
Тој е сопственик на ланец на фармацевтски компании и бензински станици. На изборите во ноември лани, 49 годишниот Марешки шокираше многумина кога како претседателски кандидат освои 11 % од глаосвите и го зазеде четвртото место.
 
- Видовте што се случи во Америка. На изборите победи бизнисмен, богат човек. Зошто тоа да не се случи и во Бугарија? - ијави Марешки, пренесе Ројтерс.
 
- Јас сум кандидат против естаблишментот, баш како Трамп. Ние сме техконкрати, луѓе од бизнисот - вели поранешниот сопственик на фудбалскот клуб „ Локомотива Пловдив“.
 
Во текот на кампањата тој не нуди многу политички решенија но вели дека ниските цени во неговите аптеки и на бензинските станици, покажуваат што може тој да стори.

Датум на објава: сабота, 18 март 2017 во 14:12
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:18

коментари

остави коментар