Целата бркотница започнала околу 7 часот утрово. Тој пукал во тројца полицајци откако бил запрен за рутинска контрола, а потоа побегнал со рено

Автомобиот го оставил на другата страна од градот и со друг украден автомобил се довезол до аеродромот Орли.

Таму украл оружје од војник, по што бил застрелан од двајца други војници кон кои, според сведоци, го свртел оружјето. Се завршило нешто по 8.30 часот.

Се работи за 39 годишен Французин кој бил во затвор заради трговија со дрога. Полицијата верува дека таму се поврзал со радикалниот Ислам.

Патниците се задржани во авионите додека полицијата истражува дали има поставена бомба, а сите летови кон аеродромот Орли се пренасочени.

Британските медиуми пренесуваат дека последниот инцидент се случува токму на ден кога во Париз се принцот Вилијам и принцезата Кејт, каде оддаваат почит на жртвите од териризмот.

Париз две години е под засилено обезбедување токму поради аачестените терористички напади.

Датум на објава: сабота, 18 март 2017 во 13:01
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:04

коментари

остави коментар