Почетокот на средбата беше со добредојде, но во Овалната соба Трамп одби да и пружи рака на Меркел и не се согласи на ниту една тема со неа.

Западните медиуми ја нарекоа оваа средба - најтензичната средба на Трамп со лидер на странска држава.

Заедничката прес конверенција Трамп ја отвори со отворено несогласување со „политиката на отворени врати“ на Меркел кон бегалците и рече дека „имиграцијата е привилегија, не е право“ и дека безбедноста на граѓаните во земјите каде бегалците сакаат да влезат секогаш треба да биде на прво место.

Потоа ја истакна потребата германија „да си ја плати цената за одбраната што е обврска за сите сојузници во НАТО“.

Меркел му пораќа на американскиот претседател дека „секогаш е подобро да зборуваме еден со друг отколку еден за друг“ а забелешката сеоднесуваше на неговите претходни критики кон неа дека таа со својата политика за примање на мигрантите во својата земја ќе предизвика бунт.

На крајот од прес конференцијата Трамп рече дека сепак имаат нешто заедничко, а тоа е дека двајцата биле прислушувани од поранешната американска администрација!

Германската канцеларка на ова тврдење воопшто не изреагира!

Еден од најскандалозните моменти на средбата се случи пред камерите во Овалната соба - кога новинарите побараа ракување меѓу лидерите, а Трамп одмолче. На ова канцеларката Меркел го праша - длаи сакате да се ракуваме? А Трамп само гледаше пред себе и не и пружи рака. Погледнете!







Датум на објава: сабота, 18 март 2017 во 11:01
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:03

коментари

остави коментар