Принцот беше под бурни критики дека ги избегнува своите должности откако наместо на церемонијата за одбележување на Денот на Комонвелтот отиде на скијање. Но тоа не е ништо во споредба со гневот кај неговата сопруга, што го предизвикале написите дека лудо се забавувал со своето друштво во кое имало млади девојки и манекенки, а особено се изнервирала откако ја видела фотографијата на која  нејзиниот сопруг прегрнува млада манекенка - пишува Венити Фер.

Вилијам беше на забава во Швајцарија кога кралицата Елизабета, принцот Чарлс и принцот Хари го одбележуваа Денот на Комонвелтот, кој во кралскиот календар е еден од поважните датуми. Избегнувањето на Вилијам да се појави на церемонијата е сфатено како „чудно однесување“ - тој се забавуваше, додека неговата сопруга остана дома со децата.

- Одлуката да замине беше на Вилијам, но не се лажете, Кејт во бракот носи панталони и ова не и се допаѓа. Таа мислеше забавите и лудувањето со друштвото се нешто што Вилијам го оставил во минатото. Мислам дека ова за неа ќе биде понижување - вели извор за Венити.

Вилијам е познат позабавите со пријателите. На свадбата на еден од нив тој загуби дел од предниот заб, откако пријател случајно го удрил. И на овој настан Кејт не беше присутна бидеќи беше премена со синот.

Минатиот викенд забавата на Вилијам со друштвото била „зачинета“ со доста алкохол, а она што ни најмалку нема да им се допадне на сопругите на пријателите се фотографиите со 24 годишната манекенка Софи Тејлор,  и младата Софи Пит која ја запознале таму. Друштвото беше фотографирнао на ручек по што отидоа во ноќен клуб. Оставените жени дома може сешто да помислат...

Датум на објава: сабота, 18 март 2017 во 10:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар