Станува збор за  регион со мала населеност кој се наоѓа 362 километри јужно од Портланд.

Во понудата за продажба се вклучени шест куќи, еден стан, бензинска пумпа и продавница. Во околината на овој град живеат околу 250 луѓе.
Месното население по  падот на дрвната индустрија и затворањето на единствената пилана започна да го напушта  овој слабо населен регион.

Градот Тилер прв пат бил понуден на продажба во 2015 година, но во тогашната понуда не била вклучена зградата на старото училиште. Пренесува ББЦ.
Инаку во моментов во градот Тилер живеат само  две лица, поранешниот наставник кој живеел во близина на училиштето и еден член од локалната црква. 

Датум на објава: петок, 17 март 2017 во 23:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар