Свештеникот Емануел Момох пронашол дијамант од дури 706 карати во селото Јакада на истокот на Сиера леоне, земја богата со дијаманти. Големиот и вреден дијамант Момох  му го предал на претседателот Ернест Баи Короми.

Претседателот Короми изразил огромна благодарност  и истакнал дека се радува поради фактот што никој не се обидел да го прошверцува дијамантот надвор од земјата и воедно ветил дека скапоцениот камен ќе биде продаден на најтранспарентен начин на оној кој ќе понуди најголема цена.

Според  официјалните податоци дијамантот со големина колку пак во хокејот е вториот  најголем дијамант досега пронајден во Сиера Леоне. Во 1972 година рудари ја пронашле „Ѕвездата на Сиера Леоне“ дијамант од 968,9 карати, кој што подоцна е продаден за 2,5 милиони долари. 

Датум на објава: петок, 17 март 2017 во 22:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар