Убавата тенисерка во интервју за магазинот „Вог“ открива  како ја искористила паузата од тенисот за да ужива во живото.
-Минатата година испив алкохол како никогаш порано во животот, вели Шарапова.
Инаку руската тенисерка беше казнета поради користење на недозволениот мелдониум. Првобитната казна гласеше суспензија од тенисот во траење од две години, но потоа казната и беше намелена на 15 месеци.
„Ќе полудев ако за време на целото отсуство размислував само на тенисот, истакна 29 годишната Шарапова која сега и се посвети и на  јогата.
Шарапова првиот турнир по завршувањето на суспензијата ќе го одигра во Штугарт , турнир кој се игра од 24 до 30 април .

Датум на објава: петок, 17 март 2017 во 20:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар