На изложбата насловена како "Живот во бои", беа претставени 22 дела, работени во акрил на платно и хартија.

Ова е прва самостојна изложба на Мациев, која веќе се има претставувано пред бугарската публика на групни изложби во Варна и Созопол.

За Андријана Мациев и нејзиниот творечки опус зборуваа Мирјана Крстева Массети, ликовен уметник и директорот на Центарот Васко Шутаров, кој и ја отвори изложбата.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија и е дел од годишната програма на КИЦ на Р. Македонија во Софија за 2017 година.

Датум на објава: петок, 17 март 2017 во 19:52
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар