Според Тилесрон, Америка и сојузинциите сакаат мир и економски просперитет за што се вложени милијарди долари во регионот, но за возврат Северна Кореја подготвува нуклерано оружје - порача новиот државен секретар.

- Северна кореја за возврат се посвети на нуклерно оружје со балистички ракети што се закана за Америка и нашите сојузници. Да бидам јасен политиката на стратешко трпение заврши. Подготвуваме дипломатски, безбедносни и економски мерки – рече Тилерсон.

Северна Кореја мора да прифати дека единствен пат за економски просперитет е да ја напушти нуклеарната програма, балистичките ракети и целото оружје за масовно уништување.

На директно прашање дали на маса се разгледува и воената опција, Тилерсон вели дека на скеоја провокација ќе има соодветен одговор.

,,За  воената акција, сите опции се на маса. Воениот конфликт не е посакуван тоа да биде јасно, но ако Северна Кореја презема акции кои се закана за нас,ке има соодветен одговор. Ако продолжат да работат на својата програма на ниво за кое ние веруваме дека се закана,и таа опција ке ја ставиме на маса“ рече Тилерсон.

Image result for тилерсон азија


Тилерсон во Сеул пристигна од Јапонија каде исто така порача дека 20 години  поминати во обид да се убеди Северна Кореја да ја напушти нукелраната програма, пропаднале. Ваквите најави веке го вклучија алармот и во Јапонија каде веке се одржуваат вежби за евакуација при воен напад на цивилното население.

Северна Кореја изминатата година ги интензивираше балистичките тестови на ракети чија цел како што соопшти Пјонгјанг се американските бази стационирани во Јапонија.

Тилерсон,  азиската турнеја ја завршува со посета на Кина.

Датум на објава: петок, 17 март 2017 во 13:40
Соња Поповска Петрушевска
Обновено во: 15:00

коментари

остави коментар