Четири годишно дете од селото Бачишта нападнато од кучиња скитинци и кучиња  кои чувале трло со овци, од синоќа се бори за живот во скопскиот Ургентен центар.

Кучињата  биле толку агресивни што на детето буквално му го раскинале стомакот. Според информациите од хирургот, доктор Симеонов на детето му се скршени черепот,градниот кош а  извадени му се слезината  и едниот бубрег.. Тоа е приклучено на апарати за реанимација и никој со сигурност не може да потврди дали остане во живот.

Според полицијата читири годишното дете вчера околу пладне излегло од куќата каде што живее со семејството и поминувало преку нива сакајќи да појде до соседната куќа каде што се наоѓал неговиот татко.

Тогаш, него го нападнале кучиња скитници но и кучиња кои се појавиле од соседното трло на 50 годишен овчар од ова село.

Од почетокот на годинава, до денеска, во полициската станица во Кичево пријавени се вкупно единаесет случаи напад на кучиња врз луѓе од кои шест во градот , четири во селото Бачишта и еден во Србјани.

Во текот на  2016 година,  пријавени се вкупно педесет и четири случаи напад на кучиња од кои, триесет и девет се во градот под Крушино и петнаесет во околните села.

Датум на објава: петок, 17 март 2017 во 12:38
Зоран Момировски
Обновено во: 14:48

коментари

остави коментар