По пристигнувањето во неделата на чудостворната икона на пресвета Богородица Брзопослушница,верници се поклонуваат пред неа се молат и бараат  да ги услуша нивните желби и молитви , а како што вели и преданието Пресвета Богородица Брзопослушница,  брзо и ги исполнува.

Отец  Димитар вели од  овие посетени денови луѓе се јавуваат од секаде да се заблагодарат и ветат повторно доаѓање бидејќи молбите веќе им биле послушани.

Народот навистина верува дека иконата е чудотворна па така не само православни верници на покајание и молби кон Пресвета Богородица Брзопослушница доаѓаат и верници од муслиманска вероисповед.

За доаѓањето на верници од други религии сведочи и отец Димитар кој вели вратите на Храмот секогаш ке бидат отворени за секој добронамерник и луѓе со мака.

Граѓаните кои денес ги сретнавме во дворот на Храмот велат дека за прв пат доаѓаат овде , но веруваат во чудотворноста на иконата и сметаат дека вакво доживување по влегувањето внатре не имале досега.

Иконата која навек ќе остане во Струмица е  автентична 5- та копија на оригиналот кој  се чува во манастирот Дохијар на Света Гора во Грција. Литија за пристигнувањето одржаа митрополитот струмички Наум и дебарско кичевскиот Тимотеј. Светата икона е висока метар и 80 а широка метар и 30.

Датум на објава: четврток, 16 март 2017 во 14:44
Стојне Митева
Обновено во: 13:42

коментари

остави коментар