Продукцијата наведува дека фестивалот има големо значење за Мексико и се смета за еден од најважните на американскиот континент за промоција и дистрибуција на мексикански и ибероамерикански филмови, како и на најважните светски филмски достигнувања.

- Како фестивал на премиери на филмови од Латинска Америка, FICG служи како богат форум за креативна размена меѓу професионалци, режисери, критичари, студентите, како и публиката од „Иберо” Америка. Многу дебитантски филмови од веќе етаблирани и реномирани режисери од регионот ги имале нивните премиери токму на овој фестивал, соопшти „Дрим фектори“.

Копродуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија и SEE Cinema network.

Датум на објава: четврток, 16 март 2017 во 10:47
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар