Оливера Николова (1936) спаѓа во редот на водечките романсиери во современата македонска литература. Автор е на богат прозен опус, во кој од специфичен агол ги согледува историските, националните и социјалните превирања.

Како вешт прозен мајстор пишува за општественото раслојување во годините кога  се трансформираат институциите и  низ ткаежот на животните приказни се разобличуваат бројни човечки судбини.

Новото романескно остварување претставува круна на богатиот творечки опус што писателката ни го завешта во изминатите децении.

Оливера Николова  е добитник на престижни книжевни награди, меѓу кои и на наградите: „Младо поколение“, „Змаева награда“, „Стале Попов“ и „Рациново признание“, а нејзини дела се преведени на повеќе странски јазици.

Датум на објава: четврток, 16 март 2017 во 10:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар