Францускиот прволигаш Монако и понатаму е хит на сезоната во најелитното европско фудбалско натпреварување.Монако на домашен терен со триумф од 3-1 го неутрализираше поразот од Итихад во Манчестер и се пласираше во посакуваното европско четврфинале.Храбриот и одличен Монако со одлична игра посебно во првото полувреме заслужено стигна до победа над фаворизираниот Сити од 3-1.Иако во вкупниот збир  Монако - Манчестер Сити 6-6 нема победник, трите гола постигнати како гости беа пресудни за пласманот меѓу осумте најдобри.

Фудбалерите од Монте Карло повторно се кобни за клубовие од Англија. Тимот на Монако одигра одличен меч уштте во Манчестер, но загуби со 5-3 , меѓутоа со уште подобро издание на Луј втори домаќините заслужено ќе бидат дел од чеврфиналето. Головите за Монако ги постигнаа Лоин 8мин. Фабињо 29мин. и Бакајоко во 77 мин. Единствениот гол за Сити го постигна Сане во 71 минута.

Getty Images

Во Мадрид Атлетико не дозволи изненадување во осминафиналниот реванш со Баер Леверкузен. Мечот на Винсенте Калдерон заврши без голови 0-0 но победата на избраниците на Симеоне на Бај арената во Леверкузен од 4-2 беше доволно за пат на Атлетико во елитното четвртфинале.

Меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите се и гигантите Реал М., Барселона, Барен М., Јувентус, Борусија Д. честа на Премиер лигата ќе ја брани Лестер. 

Датум на објава: среда, 15 март 2017 во 22:54
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:29

коментари

остави коментар