Мегапопуларниот актер  веднаш се огласи преку социјалните мрежи и порача дека сака да биде „најдобриот татко “.

-Сакам моите деца да знаат дека не е срамота да се добие помош кога ти е потребна , и да бидат  извор на сила на сите на кои ќе им е потребна помош, но се –плашат да го направат првиот чекор, напиша Бен Афлек на својот профил на Фејсбук.

Воедно актерот кој се прослави и по улогата на Бетмен нагласи дека неговото лекување е „првиот од многуте чекори“ кон комплетната рехабилитација и дека и се заблагодарува на својата сопруга Џенифер Гарнер, од која се раздели во 2015 година .

-Го завршив третманот на одвикнување од зависноста од алкохолот , нешто со што се борев во минатото и нешто против што ќе се борам и во иднина, дополни  популарниот актер.

Инаку Бен Афлек во бракот со Џенифер Гарнер има три деца , двојката во 2015 година најави дека ќе се разведе по десет години во брак.

Датум на објава: среда, 15 март 2017 во 20:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар