Тунелот ќе биде висок 45 метри, широк 36 метри  и долг 1,7 километри , и ќе биде прокопан низ полуостровот Стад на западниот брег на Норвешка, пренесува рускиот РТ.

tunel za brodove

Предвидено е тунелот да може да го користат бродови до 16000 тони носивост , со заден дел од 12 метри.

Тунелот ќе обезбеди безбеден премин околу полуостровот Стад , со што ќе бидат поставени и темелите за индустриски развој на целиот регион. Воедно тунелот ќе биде и туристичка актаркција. Со изградбата на тунелот  поголем дел од транспортот ќе биде пренесен од патиштата на морето, изјави норвешкиот пратеник Бјорн Лодемел.

tunel za brodove,

Овој неверојатен тунел ќе овозможи бродовите мирно да поминал под планината, наместо да пловат по опасните води на Стадхавет морето , во регион во кој годишно има повеќе од 100  дена со силни ветришта.

tunel za brodove,

Според норвешките медиуми идејата за изградба на тунел за бродови не е нова за неа се разговарало повеќе од 100 години. Првите планови за изградба на ваков тунел датираат од далечната 1870 година.

tunel za brodove,

Полуостровот Стад со векови е познат како регион со проблематично море.

Изградбата на овој тунел би можела да трае и до 10 години, но тој во целост ќе биде финансиран од Владата на Норвешка, која веќе обезбеди 117 милиони долари за испитувањата кои ќе бидат спроведени.
tunel za brodove,

Норвешка инаку е лидер во светот во изградба на тунели. Во Норвешка се наоѓа и најдолгиот патен  тунел на светот, Лардал кој е долг дури 24,5 километри и се наоѓа во регионот Берген. 


Датум на објава: среда, 15 март 2017 во 16:45
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:41

коментари

остави коментар