Зафар кој има пакистанско потекло и само 20 години, успеал да го спаси несудениот самоубиец Анан кој исто така бил Пакистанец, откако почнал да му зборува на нивниот заеднички јазик - урду.

Зафар се качил на кранот и го убедил човекот да се симне и да биде пренесен во болница.

Во изјава за „Apple Daily“, Зафар рече дека ги искористил сите техники кои ги учел на академијата.

- Сакав да се почувствува посигурен и затоа почнав да зборувам на неговиот јазик - вели тој.

По овој подвиг Ифзал Зафар стана многу познат на социјалните мрежи и во медиумите и предизвика серија позитивни коментари и пофалби, а доби и бројни коментари за својот изглед!

- Тој е многу згоден и има златно срце! - пишува на ФБ Нина Прија.

- Браво за овој млад човек и благодарност за полицијата во Хонг Конг што го прими - коментираа од Советот на муслиманите во Хонг Конг.

Неговиот претпоставен, Чонг Лунг - јук изјави дека младиот полицаец се соочил со ситуацијата одлично!

Зафар влегол во полицијата пред само една година, преку програмата „Гемстоун“ за регрутирање на не-Кинези во полициските служби...

Датум на објава: среда, 15 март 2017 во 15:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар