На Оскарите во 2000 година Џенифер беше со својот тогашен сопруг, Бред Пит, и изгледаше вака.
Image result for jennifer aniston oscars 2000

17 години подоцна на истиот настан - сопругот се промени, но таа ни најмалку!


Image result for jennifer aniston oscars 2017


48 годишната Џенифер на Оскарите годинава едноставно блескаше. Но, тоа чини пари и дисциплина. Колку пари? Навистина многу!


Image result for jennifer aniston oscars 2017


За да изгледа вака на 48 години, Џенифер посветено вежба, дисциплинирана е со храната и троши деведесет илјади долари годишно за различни третмани - пишува Дејли меил.

Но вреди, бидејќи нејзиниот младешки изглед и помогна да стекне богатство од 130 милиони долари, кои се проценува дека повеќе доаѓаат од рекламите кои таа ги прави за козметички производи, отколку од актерството.

Нејзината нега содржи бројни третмани. На својата кожа од 2000-та година Анистон ги применува најновите ласерски третмани од најразличен вид со кои ја затега кожата и ги „брише“ брчките. Вкупно, Дејли меил пресметува дека за третмани на лицето Џенифер годишно троши околу 7 000 долари.

Таа е и фитнес фанатик. Има личен тренер со кој вежба во својот луксузен дом во Беверли Хилс шест дена во неделата, кому неделно му плаќа по 800 долари. Годишно трошокот за фитнес е околу 38 000 долари.

Трошокот за одржувањето на нејзината коса е околу 8 000 долари годишно. Секои 6 недели таа ја крати косата кај својот фризер од времето на серијата „Пријатели“ Крис МекМилан, а за бојадисувањето е задолжен Мајкл Канале кого го посетува исто така на 6 недели. Овие третмани и козметиката за коса чинат пари, иако не е сигурно дали сето тоа Џенифер го паќа бидејќи голем дел од луѓето кои ја одржуваат нејзината убавина и се добри пријатели.

На ова таа додава посебна нега на вратот, неделна грижа за тенот, шминка, редовен третман на веѓите - се заедно околу 4 000 долари годишно. 

Досега има направено две операции на носот што ја чинеше 25 000 долари. Едната операција пред снимањето на „Пријатели“ а втората по разводот од Бред Пит.

Related image


Не потврдила, но многумина се сомневаат дека направила некаков зафат за зацврстување на градите, кој чини 6 000 долари.

Кога ќе се соберат сите трошоци за убавината на Џенифер, годишно тоа чини околу 90 000 долари, а за последните 17 години колку што таа успеа да не се промени - повеќе од еден и пол милион долари!

/извор: Дејли меил




Датум на објава: среда, 15 март 2017 во 12:45
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:59

коментари

остави коментар