Таа направи приватна посета во вторникот во Бакингемската палата.

Актерката беше заедно со Медокс, 15-годишниот нејзиниот посвоен син.

Актерката и Медокс не се сретнаа со кралицата и нејзиното семејство.

Тие беа во палатата, за да направат туристичка турнеја на еднa од најубавите сали.

На излез Анџелина и Медокс беа фатени од апаратите на папараците, кои ја очекуваа со нетрпение 41-годишната ѕвезда.

Во февруари актерката беше во Камбоџа, каде што го претстави својот најнов филм “Прво го убија татко ми”, на кој самата таа е режисер.

„Филмот не се фокусира на ужасите на минатото, току врз издржливоста, добрината и талентите на Камбоџа. Најмногу, филмот е за тоа да изразам благодарност до Камбоџа. Без Камбоџа, можеби никогаш немаше да станам мајка. Дел од моето срце е и секогаш ќе биде во оваа земја и дел од земјата е секогаш со мене – Медокс “, рече Џоли.

Датум на објава: среда, 15 март 2017 во 12:35
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:45

коментари

остави коментар