Аспен во Колорадо се смета за еден од најреномираните фестивали на краткометражен филм во светот кои се квалификуваат за наградата Оскар. Фестивалот се одржува од 4-ти до 9 април.

„Крајот на времето“ е опишан како експериментален филм „за оној хипнотизирачки миг во еден обичен, скромен вторник кога човек сфаќа дека времето запрело и светот е вшмукан во една единствена насмевка“.

- „Крајот на времето“ е филм кој може комотно да се претстави во музеј или галерија наместо во киносала. Во него продолжувам да ја истражувам крстосницата каде што вистината и прикаската се вкрстуваат,  преклопуваат и сукобуваат - овој пат на минималистички начин, истакнува Манчевски.

Филмот е снимен во Сан Антонио де Лос Бањос на Куба, а постпродукцијата во Њујорк и Македонија. Директор на фотографија е Ален Лопез Мартинез, монтажер Кристина Поженел, автор на музиката и тонскиот дизајн е Игор Василев Новоградска, визуелните ефекти се на Мишо Ристов и Рекс, а колор грејдингот на Мајкл Двас. 

Датум на објава: среда, 15 март 2017 во 12:08
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар