Станува збор за современа комедија која обработува проблеми од секојдневниот живот на мажот и жената.

Режијата е на Јован Ристовски по текст на Питер Турини, современ австриски драмски писател.

Главните улоги ги играат Елена Моше  и Александар Копања.

,,Станува збор за реалистична  актерска игра  со комични примеси, кои би ги нарекла трагикомедија, одамна сум немала ваква улога.,,- вели Елена Моше која ја игра главната улога.

Александар Копања вели дека неговата улога ја доживува како негов личен Хамлет.

Месец март исполнет е со многу работа  и нови премиери за членовите на битолскиот Народен театар вели уметничкиот директор Благој Мицевски.  По повод Светскиот ден на театарот на 27 март ќе биде изведена претставата „Дупло дно“ на Горан Стефановски во режија на Ангелчо Илиевски на која и претходи претставата „Пијани“во режија на Марјан Ѓоргиев. 

 

Датум на објава: среда, 15 март 2017 во 11:59
Анета Шијакова
Обновено во: 15:01

коментари

остави коментар