Ова седмочлено семејство е веќе високо преку 10 метри, наскоро би можело да стане и највисоката фамилија на светот.

Семејството Клиф Болтон ги има сите предиспозиции да стане и нависокото семејство на светот. Нивните најмлади членови 17- месечните близнаци Езра и Габриел се веќе високи 85 сантиметри, пренесува „Сан“.

Родителите истакнуваат дека за своите близнаци мора да купуваат гардероба како за тригодишни деца.
Инаку целото семејство Ван Клиф Болтон е високо околу 10 метри.

Најстариот син 11- годишниот Лукас е највисок во своето одделение, висок е 162 см. Сестрата Ева кој има 8 години е висока 140см.а нејзиниот помлад брат Џон околу 120 сантиметри.

Секако највисоки во семејството се родителите, мама Кеиша има 195 сантиметри, а тато е висок дури 213 сантиметри. 

Датум на објава: вторник, 14 март 2017 во 20:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар