Според СВР-Битола, обвинитетиот делото го направил на крајно свиреп начин, со повеќе удари со тапо тврдо средство, најверојатно сукала кои ги имал дома, и и нанел на жртвата смртоносни повреди во пределот на главата.

И.Д. вчера во полиција пријавил дека околу 9:50 часот ја пронашол сопругата Емануела Д. (47) падната на подот во дневната соба, целосно облиена во крв во горниот дел од телото, особено во пределот на главата, без знаци на живот.

- Во присуство на Јавен обвинител извршен е увид при што е констатирано дека во дневната соба, без знаци на живот се наоѓа сега починатата Е.Д (47). Смрта ја констатира лекар од службата за итна медицинска помош, а јавниот обвинител нареди обдукција која е извршена во текот на денешниот ден, информира СВР.

Во станот на И.Д. и Е.Д., освен тековното, не се забележани растурања од евентуален упад на лица со материјален мотив за вршење кривично дело, што, според СВР, укажува дека во станот има предмети како лап- топ, компјутери, мобилни телефони и други материјални вредности.

- Крим-техника не констатира траги од насилно влегување во станот. Подигнати и испратени на вештачење во МВР се предмети и траги, како и комплетната облека на пријавениот на која се забележани прскотини од траги слични на крв во долниот дел на облеката, кои упатуваат и оставаат сомнеж дека тој се јавува како можен извршител на делото, наведува СВР.

Со службена информација се огласи и Основното јавно обвинителство кое до судија на Основниот суд достави предлог за определување мерка притвор против осомниченото чице за сторено кривично дело „Убиство“.

Предлогот е доставен поради постоење основано сомнение дека на 13.03.2017 поради претходно нарушените меѓусебни односи, во дневната соба од заедничкиот дом, со вршење семејно насилство ја лишил од живот оштетената, неговата сопруга Е.М.Д. од Битола. Осомничениот со повеќе удари со тапо тврди средства, дрвени сукала, ја удирал по главата, нанесувајќи и повеќе повреди, од што настапил смртен исход.

Постапката по наведената кривична пријава е во тек.

Датум на објава: вторник, 14 март 2017 во 16:04
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:00

коментари

остави коментар