На прашањето зошто тогаш шпекулациите дека токму тој е таткото на помладиот принц опстојуваат, Хјуит вели: Бидејќи тоа ги продава весниците. Кутрото момче, веројатно сето тоа за него е полошо!

Принцезата Дијана имала 5 годишна врска со Хјуит кога тој бил нејзин учител по јавање - пишува telegraph.co.uk.

Во интервју во 1995 година таа призна дека била вљубена во него.

Во своето последно интревју Хјуит вели дека не било тешко да се вљуби во неа.

- Мислам дека може да ми биде простено за тоа - вели Хјуит.

Ова не е прв пат Хјуит да ги негира шпекулациите дека му е биолошки татко на Хари, кои се базираат на сличноста во нивниот изглед.

Image result for James Hewitt

Уште пред 15 години тој изјави дека Хари веќе одел, кога тој ја почнал врската со неговата мајка.

Image result for princess diana charles and harry


- Неговата црвена коса е слична на мојата и луѓето мислат дека личиме. Никогаш не сум ги охрабрувал тие споредби и иако бев со Дијана долго време, морам да изјавам еднаш засекогаш дека не сум му татко на Хари - изјави тогаш Хјуит.

Датум на објава: вторник, 14 март 2017 во 14:02
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 18:55

коментари

остави коментар