Додека го снимаше филмот „Бунтот на бродот Баунти“ Марлон Брандо се вљуби во островот Тетиароа - Полинезија, и во 1967 година го купи и го претвори во свој рај на Земјата!

Image result for mutiny on the bounty 1962

Креацијата на Брандо по неговата визија за рајско место, денеска можат да ја доживеат сите. На островот има 35 вили, сите со сопствен базен и плажа, што креира чувство дека сте сами на светот опкружени со рајска убавина!

The Brando is the sole hotel on Tetiaroa, a private atoll of a dozen islets that circle a pristine lagoon 30 miles north of Tahiti

Островот на кој Брандо живееше се до 1990 година, денеска е преименуван по него - се вика „Брандо“. Се наоѓа на 50-тина километри северно од Тахити.

Бунгаовот во кој живеел Брандо сеуште постои, ист каков што бил пред повеќе од половина век - совршен.

Останатите вили се опремени со најсовремена технологија, а потребите на гостите во потполност се задоволени преку неделен дотур со брод.

The resort is split across two sides of the island, with 22 villas along Turtle Beach and 13 villas along Mermaid Bay


Ако успеете да се извлечете од прекрасните вили, за вас се организирани секакви авантури - спорт на вода, прошетки по преубавата природа, велосипедизам и што уште не. Ако помисливте дека ова е преубаво место, кога ќе го видите ќе заклучите дека е - совршено - велат оние кои го посетиле. Решен е и единствениот проблем кој би можел да излезе вон контрола - присуството на комарци. Нив на овој „рај на земјата“ едноствно ги нема! Престој за двајца во вила дневно чини нешто повеќе од 3 000 долари.


The food and service was truly wonderful for a resort so cut off from the mainland, and the classic French dishes are prepared superbly


Марлон Брандо прв пат на островот отишол кога го снимал филмот „Бунтот на бродот Баунти“ во 1962 година. Тогаш изјавил дека се почувствувал „поблизу до рајот“.

Се ожени со својата партнерка од филмот Тарита и го купи островот во 1967 година. 

Brando first came to Tetiaroa while filming Mutiny on the Bounty, claiming it made him feel 'closer to paradise' - and to his co-star Tarita who he married



Неговата замисла беше да се зачува биодиверзитетот и природната убавина на островот. Во 1999 година заедно со долгогодишниот жител на Тахити Ричард Бејли, тој почна да работи на целта - островот да го претвори во луксузен еколошки ресорт, кој своите врати за гостите ги отвори во 2014 година, 10 години по смртта на големиот актер.


/извор: Дејли меил

Датум на објава: вторник, 14 март 2017 во 13:41
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:51

коментари

остави коментар