Станува збор за поетска манифестација која редовно се одржува на различни локации во Струмица и струмичко и има за цел да ги промовира домашните автори по еден сосема уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап.

- Секој што пишува или има што да каже може да биде дел од овие средби, во иднина оваа манифестација ќе го прошири самиот формат, па освен поети, ова е идеално место да се претстават и луѓе кои се занимаваат со перформанс, стенд ап, слем поезија... - Да се биде отворен кон сите нови форми на интерпретација е од исклучителна важност, со проширувањето на кругот на учесници ќе се создаде уште поширокогледа платформа, велат организаторите.

Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција, истовремено да и понуди на публиката автори од Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, а ја имаат желбата тоа да го направат пред публиката која со будна уво и душа е спремна да го чуе секој нов стих напишан од оние кои се презентираат. Самата цел на настанот е доближување на творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо.

Покрај домашните поети учесници од Струмица, најавени се поети гости од Радовиш, Гевгелија, Валандово, Богданци и Куманово, меѓу кои Борче Панов, Катерина Диманова, Бранко Ѓеорѓиев, Босилка Ванова, Иле Наумов, Давор Крстевски, Стефанав Стефчо, а за музичкото интермецо ќе се погрижат Jazzna и Јовица Илиќ.

Роднокрајните поетски средби досега биле домаќини на повеќе од 50 локални автори и десеттина етаблирани поети од Македонија и странство. /МИА

коментари

остави коментар