„Сан“ пренесува дека Роналдо ќе добие близнаци не од актуелната девојка, манекенката Родригез туку од сурогат мајка. Оваа информација за Сан ја потврдил и извор близок на славниот фудбалер.

-Кристијано и целото семејство со нетрпение го очекуваат раѓањето на близнаците. Приватниот живот секогаш го чува само за себе, но сега Роналдо на најблиските им кажал дека бебињата стигнуваат многу брзо, изјавил за Сан анонимен извор близок на Роналдо.

Засега никој не го знае идентитетот на сурогатот мајката, Роналдо се одлучил на ваков чекор поради тоа што почувствувал дека дошло време Кристијано Јуниор да добие браќа или сестри.

Првата сурогат мајка која го роди Кристијано Јуниор според медиумите е од Сан Диего и за своето молчење добила 10 милиони евра.

Откако ќе се родат близнаците ќе живеат во луксузниот дом на Роналдо во близина на Мадрид вреден 8 милиони долари заедно со својот постар брат, татко  и неговата девојка Георгина Родригез. 


Image result for ronaldo georgina rodriguez

Датум на објава: понеделник, 13 март 2017 во 16:08
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:08

коментари

остави коментар