- Од мое лично име и од име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упатувам искрено сочувство до вашето семејство како и до роднините, пријателите и колегите на доајенката на македонската етно музика, Вања Лазарова. Нејзиното маркантно творештво и големиот придонес кон промоција на македонската песна, етно музика и култура ќе останат врежани како неизбршлив траг во поновата историја на Македонија, пишува во телеграмата на Заев.

Истакнува дека делото на Лазарова не обврзува сите како граѓани на Македонија кои искрено си ја сакаме и почитуваме земјата да продолжиме заедно да ја негуваме, почитуваме и промовираме нашата заедничка култура и традиција на начин на кој тоа го правеше Вања. 

Датум на објава: понеделник, 13 март 2017 во 14:31
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар