Имено, актерката во соработка со популарниот шоу програм „Saturday Night Live” направи реклама за непостоечки парфем „Complicit” (соучесник) отворено исмевајќи ја миленичката на американскиот претседател, Иванка Трамп.

Имитирајќи ја со својата појава, Скарлет предизвика смеа кај многумина, а посебно внимание привлече моментот кога ставаше кармин пред огледалото, додека во нејзиниот одраз се појавува Донал Трамп, како и текст кој го прати видеото.

„Феминистка, адвокатка, жена-херој, но таа е соучесник. Парфем за жена која би можела да промени се, но не сака“ – зборува нараторот во лажната реклама.

„Кога го гледа Титаник мисли дек е Роуз, но жал ми е девојкио ти си Били Зеј“

И додека многумина позитивно реагираа на оваа “реклама“, има и такви кои сметаат дека актерката претерала.


Датум на објава: понеделник, 13 март 2017 во 09:46
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:16

коментари

остави коментар