Во четвртфиналето вардарки најверојатно ке играат против Дански Мидјиланд за пласман на фајнал-фор тунирот во Будимпешта.

Македонските ракометни шампионки не ја пропуштија шансата што им се укажа во дуелот со Турингер, победија со 36-26 со што завршија на првата позиција во групата еден во шампионската лига на ЕХФ. За нив одигра и црногорскиот првак Будуќност со триумфот на гостувањето во Унгарија над Ференцфарош со 24-23 со што го освои второто место во групата, а на вардарки им ја понуди првата позиција. Француски МЕЦ ја совлада Астраханочка во Русија со 28-20 и во четвртфиналето ке оди како четвртопласиран тим во групата.

Ирина Дибирова имаше победничко деби на клупата на Вардар но и воопшто во нејзината тренерска кариера што стартуваше токму денеска во дуелот со Турингер.

Датум на објава: сабота, 11 март 2017 во 19:05
Зоран Цветановски

коментари

остави коментар