Актерката неодамна со децата помина неколку недели во Камбоџа, за потоа да го промени мислењето за својот поранешен сопруг.

Откако излезе во јавноста веста дека се разведуваат, Анџелина на сите можни начини се обидувала да го оцрни Бред и да го прикаже како насилен татко, на што многумина не наседнаа.

„Сега бара публицисти и агенти за да и помогнат во промена на тактиката“ – изјавува холивудски менаџер за славната актерка.

После љубовната врска која трае од 2006 година, последните две ги поминаа во брак, Анџелина и Бред Пит (53),а минатата година во септември објавија дека се разведуваат.

На сето тоа и претходела расправија во приватен авион, кога Пит, како што тврди актерката, физички го нападнал нивниот најстар син, еден од нивните шест деца, тинејџерот Медокс.

Џоли, како што изјавуваат во Холивуд, веднаш во медиумите дала детали од тој инцидент, за судовите да ги сврти во своја корист и да добие целосно старателство над децата. Пит беше под истрага на социјалните служби и ФБИ, а Холивуд застана на негова страна. Сите обвиненија на крајот беа отфрлени.

„Во блиска иднина очекувајте интервју во кое Анџелина повторно ќе зборува за тоа како Бред е прекрасен татко и како до крајот ќе остане член на семејството, како и прва фотографија од насмеаното семејство на некое патување. Таа е кралица за “наместени“ фотографии и манипулации“ – изјавуваат американските ПР експерти.

Датум на објава: сабота, 11 март 2017 во 09:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар