Се шпекулира дека семејството подготвува ортодоксен грчки погреб, на гробиштата во Лондон каде е погребана мајката на Џорџ Мајкл, Лесли.

Дејли мејл пишува дека на телефонски повик на тие гробишта одговара снимена порака со содржина: Ако се авувате за Џорџ Мајкл, извинете, немаме информација за вас.

Неодамна резултатите од обдукцијата покажаа дека се работи за природна смрт.

Последниот партнер на Џорџ Мајкл Фади Фаваз тврди дека е изземен од плановите зa погреб на поп пејачот.

Џорџ Мајкл беше пронајден мртов во својот дом, на Божиќ. Имаше 53 години.

Датум на објава: петок, 10 март 2017 во 22:47
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 22:49

коментари

остави коментар