Имено, Аналин на Денот на жената гостувала во една ТВ емисија, на која со милионскиот аудиториум ја споделила својата трагична приказна.

„Тоа се случи пред неколку години, Еден мој пријател беше кај мене дома да преспие, а јас се разбудив во сред ноќ и сфатив дека ме силува. Со години се кривев себе си за тоа“ – изјавила актерката.

„Мислев дека како што времето ќе поминува, ситуацијата ќе биде подобра, но со текот на времето станав депресивна и суицидална. Почнав да се самоповредувам“ – изјавила Аналин.

Исто така, актерката изјавила дека за прв пат се соочила со трауматичното искуство дури неколку години подоцна, кога во серијата „Беверли Хилс“ морала да одглуми сцена во која ја силува професор.

Макорд денеска им помага на жртвите од силување, кои ги мотивира и охрабрува да проговорат јавно за своето искуство.

Датум на објава: петок, 10 март 2017 во 10:24
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар